Петар Печков
Објавено: четврток, 29 декември 2011
Во салата „Бели мугри‘‘ во Велес се одржа традиционална новогодишна програма на која беа доделени наградите за најдобар полицаец, комуналец, хуманист и пожарникар за 2011 година.
Во оваа прилика им беше доделена традиционалната награда, за најдобариот полицаец на Зоран Давитков вработен во СВР Велес, за најдобар пожарникар на Ѓоре Огњанов вработен во Професионалната Противпожарна Единица во Велес. За најдобар хуманист со 103-пати дарувана крв беше прогласен Нуредин Ахмедов, а за најдобар работник во јавните претпријатија Муртеза Демиров, во ЈКП „Дервен“, додека за најдобар занаечија беше награден Петре Ќурчиев на предлог на Регионалната Стопанска комора на Велес.
Денес не е ден за поднесување извештаи, денес е ден кога ги славиме нашите успеси. Заедно да ја прославиме Новата година со желби за уште поголеми успеси, но пред се здравје и среќа им посака на велешани градоначалникот Горан Петров.
Tweet |