Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јануари 2021
Денес првото новороденче во Велес годинава, ги доби традиционалните подароци од локалната власт, чек во висина од 12 илјади денари, колку што се доделува и претходните години.
Подароци донирале и Евангелската црква, Ротари Клуб и Невладина организација "Подари насмевка". Поради здравствено -безбедносни причини по бебето и мајката, не е остварен контакт со нив.
Затоа пак со фотографија од велешката Болница, јавноста во градот може да се запознае со мајката Симона и бебето -девојче кое се уште нема име.
Симона Панова се породи во домашни услови на 3-ти јануари во 21,.30 ч додека татко на новороденчето е Љупчо Митров. Ова е нивна прва рожба.
Tweet |