Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 февруари 2015
Во второто пролетно коло од Првата футсал лига на Македонија, екипата на Велес на гостувањето во Скопје е поразена од екипата на Хедис со 9:7. Многу голови а стрелци за велешани беа Соколов 5 и по еден Андов и Адиловиќ. По 11 кола Велес е на 8-то место од десет екипи.
Поради обврски на Македонската репрезентација, следното коло се игра на 14-ти и 15-ти февруари. Во меѓувреме е првиот осминафинален натпревар од купот а дома во салата Гемиџии Велес го пречекува Мал Ајакс, додека помладиот велешки лигаш, членот на Втората фут сал лига, екипата на Гемиџии во првото коло гостува на екипата на Биџо.
| Tweet |




