речник контакт

Доживотен затвор за тројното убиство во Кавадарци, реши Апелација

Апелација ја преиначи пресудата на Основен суд Велес од 40 години затвор на доживотен за тројното убиство во Кавадарци

Петар Печков

Тони Станоев до крајот на животот ќе лежи затвор, така одлучи Скопска Апелација, прифаќајки  ја жалбата на велешкото Јавно обвинителство.  Трикратниот убиец  од  Кавадарци во првостепената постапка водена во Оснвоен суд Велес   доби 40 години затвор.  

Со Пресуда на Апелациониот суд Скопје, Пресудата на Основниот суд Велес е преиначена во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот Т.С. од Кавадарци кој со првостепената пресуда е огласен за виновен за три кривични дела Убиство, се осудува на казна доживотен затвор - стои во писменото соопштение, објавено на веб страната  на Основен суд Велес.. Оштетеното семејство, вели правдата сепак победи. 

Со ова одлука на Апелација ни се врати вербата во правниот систем и судството. Болката што ја претрпевме, не може да  се  надомести. Со изгубените животни на нашите  најблиски, ги изгубивме  и нашите. Извинувањето од сторителот не ни значи ништо. Останува вербата дека оваа пресуда ќе биде и правосилна - рече во името  на  оштетеното семејство  Верка  Трчевска, сестра на застреланиот  Илија Лелов.

Станоев е осуден затоа што  на 9-ти ноември 2014 година,  со по еден истрел од пиштол ЦЗ 79 од 9 мм.  за кој поседувал дозвола, ладнокрвно ги  убил таткото,  мајката и сестрата на неговата сопруга Данче, Илија, Билјана и Снежана Леови.  

Тоа го сторил во нивниот дом, додека семесјтвото се подготувало за неделен ручек.  Според  вештите лица, доктори невропсихијатри, Станоев во моментот кога ги застрелал трите лица, бил во пресметлива состојба, не е лице со ментална ретардација и лице со хронично или психичко растројство. 

Не можам да го вратам времето назад. Се случи  на брзина. Изразувам сочувство за смртта на трите лица - рече  Станоев, во завршниот збор при првостепената постапка која се водеше во Основен суд Велес.   Осудениот има право на жалба до Врховен суд.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »