Петар Печков
Објавено: четврток, 03 март 2011
Судскиот совет на Кривичен суд во Скопје го осуди на доживотна затворска казна Скопјанецот Тони Денковски, за минатогодишното тројно убиство, кое го изврши во рибниот ресторан „Биг Фиш“, во населбата Аеродром.
Денковски во септември минатата година со автоматска пушка ги уби Јордан Јорданов - Ркулот, кој бил член на „Франкфуртската мафија“, Влатко Андревски и полицаецот Владо Милошев, вработен во Шестата управа во МВР.
По убиството Денковски побегна, но подоцна самиот и се предаде на полицијата. За време на истрагата тој се бранеше со молчење, а додека траеше судскиот процес, тврдеше дека ги убил тројцата оти постојано му вршеле притисок и му се заканувале, како нему, така и на неговите деца, бидејќи им должел пари.
Ова убиство и покрај судската разрешница останува со многу непознати. Кон кого и зошто пукал Денковски, како се случило девојакта која била со тројцата убиени да остане жива, што таа слушнала и видела? Од каде му се парите на убиецот Денковски, да има таков имот и куќа кога е невработен? Што барал на иста маса инспекторот Милошев заедно со двајцата велешани за кој е познато дека се дел до т.н.Франкфурт мафија?
Доколку ова пресуда остане правосилна, Денковски ќе има право да бара помилување по одлежани 20 години затвор.
Tweet |