Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2020
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на прес конференција ја пренесе пораката од здравствените работници од градот, кои се први во одбраната од ковид-19. Тие бараат пациентите да не ја сокриваат вистината. Оваа реакција доаѓа од докторите од јавниот и од приватниот сектор.
Имам реакција од докторите, кои се жалат дека не ги добиваат сите неопходно потребни информации од пациентите, дека тие имале контакти со лица инфицирани од корона вирусот. Има сограѓани кои се неодговорни, и затоа апелирам кон сограѓаните да ја зборуваат вистината. Така си помагаат себеси, на своето семејство но и на здравстените работници, да не се случи да нема кој да не лечи. Им оддавам јавно признание на сите здравствени работници, за се што прават и работат во овие услови . Тие ни се многу важни и го ризикуваат сопствениот живот и на нивните семејства и затаоа им е потебна максимална поддршка. Имаме работа со сериозен, невидлив противник – порача Коцевски.
Во Велес досега регистрирани се 30 случаи на ковид-19 а вчера беа регистрирани и првите два случаи на здравствените работници, еден од Итната помош и еден до Инфективното одделение.
Tweet |