речник контакт

Докторите од јавното здравство заминуваат во приватното, па тешко се доаѓа до слободен „Мој термин“

За да се најде слободен термин се развива здравствен туризам

Петар Печков

Се потешко се доаѓа до специјалистички „Мој термин“  се жалат и пациентите и матичните доктори.  Причината според  д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари, не биле одморите, туку одливот на специјалистичкиот кадар од јавното во приватното здравство.  Реакциите на пациенти, што не може да се најде слободен „Мој термин“,  биле упатени кон матичните доктори.

„Секој пациент бара термин за специјалистички преглед. Бараат термини за мамографија, за кардиологија а нив ги нема. Факт е дека ние во Македонија, во јавното здравство имаме се помалку специјалисти.  Секој може да провери дека термини нема или тешко се доаѓа до нив. За пример нека провери секој, колку термини има слободни на кардиологија. Се поголем е одливот на колегите од јавното здравство од болниците, во приватното здравство. Болници како што се тие во Велес, Кавадарци, Кочани, Битола, каде има по еден специјалист и ако тој замине на одмор или е на боледување, пациентите од тој град мора да ги праќате во друг. Така дојдовме во ситуација да се развива здравствен туризам. Има случаи од Велес пациенти да се праќаат во Тетово“ - кажа д-р Чолакова Дервишова.

Вели дека ова е сериозен проблем за кој се потребни сериозни решенија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »