Петар Печков
Објавено: петок, 27 април 2018
За повеќе од 30 години работа со деца во велешко нема регистрирано случај на проблематична вакцина, која предизвикала сериозни заболувања ниту аутизам. Ова го кажаа четворица еминенти стручњаци од здравството во велешко, кои со децении работат со децата и во школска и предшколска возраст.
Ние не познават таков случај во нивната долгогодишна пркаса. Ниту еден од четворицата доктори на неодамнешната прес конференција а по повод Неделата на имунизацијата која завршува в недела 29-ти април, во неговата работа не се судрил со проблем на вакцинирано дете кое добило аутизам. Сите четворица беа јасни и прециозни дека такво нешто се нема случено.
Аутизмот кај децата се јавува во перидот од 18 до 24 месец, во истиот период кога се даваат повеќето од вакцините. Постои временска поврзаност со аутизмот и вакцините но не и причинска. Ваквата дезинформација ја дава англиски доктор, од негов труд, кој потоа е повлечен, обвинет за тешка измама и ја губи лиценцата за работа. Вакцините не предизвикуваат аутизам, никакви развојни нарушувања - изјави примариус д-р Петре Крстев педијатар во ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Луѓето, дел од нив ги буни составот на вакцината МРП, присуство на соединение на жива. Сметаат дека е токсичнмо, што не е точно. Станува збор за етил жива која е стабилизатор и по седум дена се исфррла од организмот и не останува ништо кај детето. Сите вакцини да ги прими детето во текот на цела година, ќе прими 4 милиграма алуминум. А некои родители ги ставаат на вештачка исхрана со која за таа година примаат 120 мили грама. Против тоа не се бунат а се бунат за 4 милиграма. Родителите треба да сфатат кои други постапки ги прават со своето однесување - рече примариус д-р Билјана Трајкова епидемиолог од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес.
За жал постои верување детето да проговори па после да го вакцинираат. Во ова имаат удел и некои наши колеги, доктори - рече д-р Лилјана Христова педијатар во примарното здравство.
Вакцинацијата е задолжителна за да се штити и околината, другите деца, не само своето, тоа е општествена одговорност - кажа примариус д-р Лидија Андонова Панчевска педијатар во ЈЗУ Општа Болница Велес.
Tweet |