речник контакт

Докторка од Итната помош, позитивна на ковид-19

Итната помош работи непречено, бидејќи при работата докторкта ги запазувала протоколите за работа во услови на ковид-19

Петар Печков

Докторка од Итната помош при Здравствен дом Велес е позитивна на ковид-19. Информацијата ја потврди директорот на оваа здравствена институција, Николче Димовски.

Лекарката е асимптоматски случај, при извршување на работните обврски таа ги запазувала стандардите за ковид-19, така што немаме ниту еден од вработените во службата во изолација. Итната помош работи непречено“ - изјави Димовски.  

Од Центарот за јавно здравје Велес соопштија дека од извршената анкета не можело да се констатира од каде се заразила докторката.

Таа ги почитувала правилата за работа во услови на ковид-19. Единствена причина поради која се решила да се тестира е малаксаност, резултатите беа позитивни и таа е на домашно лекување. Бидејќи се придржувала на условите за работа при коронавирусот и таа и колегите со кој била во смена, нема никој во изолација - изјавија од Центарот за јавно здравје.  

Ова е втор случај на докторка од велешката Итна помош, која е позитивна на ковид-19. Во месец јуни нејзина колешка имаше коронавирус.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »