речник контакт

Документарецот за раперот Раста и акциониот „Одмазда“ премиерно на репертоарот на 3Д киноверзум (видео)

Се прикажуваат и двата македонски филма „Лена и Владимир“ и „Кино љубов“ како и големиот светски хит со Де Ниро и Ди Каприо „Убијците на цветната месечина“

Петар Печков

Две филмски премиери на репертоарот на 3Д киноверзум во Велес.

Акциониот „Одмазда“  со Лијам Несон со светската премиера се прикажува и во Велес.  Главниот јуна,к  банкар, добива закана дека има бомба во неговиот автомобил со кој ги превезува своите деца во училиште. Ако застане автомобилот, бомбата ќе експлодира.

Вторник и среда ќе се прикаже документарниот филм за Раста, српски рапер „3211“. Приказната е кога го апсат и тој оди во затвор. Што самиот тој доживува во тој период.   

На репертоарот е вториот по гледаност филм, изминатиот викенд во светот  „Убијците на цветната месечина“.  Филм кој ја освои и публиката и критиката, во режија и продукција на Мартин Скорсезе, кој го напиша сценариото заедно со Ерик Рот, базирано на истоимената книга од 2017 година на Дејвид Гран. Се работи за вистински настан, Членови на Осиџ племето во Америка се убиени под мистериозни околности во 20-тите години од минатиот век, со што се предизвикува голема истрага од ФБИ со Ј Едгар Хувер. Имотот на кои тие живеат е богат со нафта.  Во главните улоги се Леонардо Ди Каприо и Роберт Де Ниро.  

Се прикажуваат и двата македонски играни филма.

„Лена и Владимир“ Судбината спојува двајца бегалци, Владимир, 40-годишен маж кој ја изгубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Тие си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот. Овој филм ветува смеа, солзи и емоции. Време е да избегате од реалноста и да влезете во свет на магија. Лена и Владимир македонски долгометражен филм во режија на Игор Алексов, и сценарио на Александар Русјаков, со Тони Наумовски, Сара Климоска, Денис Абдула, Луран Ахмети, Петре Арсовски, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски.

Кино „Љубов“ македонски филм во режија на Јани Бојаџи од 2021 година. Главните улоги ги играат глумците: Јелена Жугиќ, Дејан Лилиќ и Благоја Чоревски. Филмот ја следи Мира, адвокатка во неволја, која поставува бомба под автомобилот на нејзиниот брат Стево на денот кога Македонија прогласува пандемија на КОВИД-19, за да го спаси семејството од распаѓање. Заплетот постепено открива игра полна со недоразбирања, љубов и страст. Стево го преживува атентатот и една година подоцна го инаугурира киното наречено „Љубов“, идеја и животен сон на сопругот на Мира.

Анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“може да се гледа  сабота и недела попладне.   Канадски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година заснован на телевизиската серија PAW Patrol.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »