речник контакт

Документи откриваат дека неонацисти им помагале на палестински терористи

Иако никогаш не беше потврдено, левичарсите екстремисти беа осомничени дека работеле со палестинските терористи, но необјавени документи докажуваат дека биле инволвирани неонацисти и властите знаеле за тоа

Петар Печков

Пред четириесет години, масакрот на израелските атлетичари и тренери ги замрачи летните Олимписки игри во Минхен.  Иако тоа никогаш не беше потврдено, левичарсите екстремисти беа осомничени дека работеле со палестинските терористи кои стоеја зад операцијата.

Мажите кои биле уапсени во Минхен во домот на поранешниот СС офицер Карл Јохајм доцна вечерта на 27 октомври 1972, биле вооружени како војници на пат на фронт. Во еден куфер полицијата пронашла три автоматски калашњикови, шест рамки со куршуми, 174 куршуми, два пиштоли, револвер и шест белгиски рачно изработени гранати.

Двајцата мажи кои исто така биле уапсени носеле и друго оружје. Волфганг Абрамовски имал пиштол сокриен во неговото елече, додека неговиот придружник, Вили Пол, носел два пиштоли и рачна граната, стои во извештајот од истрагата на минхенската полиција.

Колега член на десничарската екстремистичка група која се нарекувала „Националсоцијалисти кои се борат за Голема Германија“ и дојавил на полицијата во врска со Пол и Абрамовски. Наводно, двајцата мажи планирале да го употребат оружјето за да ослободат колега екстремист кој бил во затвор, но истражителите подоцна се посомневале дали оваа приказна е вистинита.

Помеѓу документите кои Абрамовски и Пол ги носеле, имало и заканувачко писмо наменето за еден минхенски судија, кој имал за задача да расчисти со еден од најшокантните криминални случаи во историјата на поствоена Германија: масакрот на минхенските Олимписки игри.

На 5 септември 1972, палестински милитанти од терористичкиот огранок на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), наречена „Црн септември“, земаа деветмина израелски атлетичари како заложници и побараа за возврат ослободување на неколку стотини палестинци од израелските затвори. Кога полицијата се обидела да ги ослободи израелците на воениот аеродром Фирстенфелдбрук, каде тие биле држени во два хеликоптери, терористите ги убиле сите заложници. Во оружената престелка загинал и еден полицаец. Тројца палестинци преживеале и судијата за кого било наменето писмото пронајдено во багажот на Пол и Абрамовски, бил назначен да го води  случајот против нив.

Во писмото, Црн септември се закануваат дека ќе му се одмаздат на судијата „ако продолжи да им дозволува на агентите од израелската разузнувачка служба  да учествуваат во испитувањето на олимписките терористи“. Испитувањето на оружјето одземено од Пол и Абрамовски покажало дека ова не е шега изведена од имитатори на десничарските екстремисти.

Поглед со ново светло кон нападот

Во „Конечниот извештај“ од минхенската полиција, датиран со 23 јули 1972, стои: „Дополнителни индикации за врските помеѓу криминалите извршени од Пол и неговиот сопатник и нападот врз олимпиското село во Минхен е дека... конфискуваните машинки и рачни гранати ги имаат истите карактеристики како и оружјето кое беше користено од милитантите“.

Овој доказ практичко докажува дека сомнежите дека германските неонацисти Пол и Абрамовски соработувале со палестинските терористи, биле фактички вистинити.

Извештаој на полицијата е дел од документи на 2,000 страници, кои домашната разузнувачка служба со седиште во Келн, Федералната канцеларија за заштита на уставот (БфВ), неодамна ги испратиле како одговор на барањето на Шпигел. Документот вклучува тајни анализи и меморандуми, кои се всушност кореспонденцијата на агенцијата со Германската надворешна разузнавачка служба (БНД), и Федералната канцеларија за криминални истраги (БКА), како и полициските извештаи. На основа на овие претходно тајни документи, сега е неопходно да се погледне приказната од олимпискиот напад низ ново светло.

Да, барем делумно.

Се досега, многу експерти претпоставуваа дека левичарските екстремисти биле оние кои имале врски со Црн септември, им помагале на терористите да најдат сместување во Минхен, на пример. Исто така постојат и индикации за соработка помеѓу двете групи, како што се памфлетот на основачот на Фракцијата на Црвената армија (РАФ), Улрих Мајнхоф, кој подоцна го поздрави масакрот затоа што создал „основа за разоткривање на империјалистичката контрола“. Исто така постои и изјава од некој кој ја напуштил терористичката организација, кој за Шпигел во 1978 рече дека друг член на РАФ му рекол дека „Револуционерната ќелија“, која е одметната група, има свои „траги врз колачот“ кога помагале во сместувањето за палестинските милитанти.

Но, според објавените документи, сега таквата изјава мора да биде третирана како мит.

На „Црн септември“ не му требала никаква германска логистичка поддршка. Некој од луѓето пристигнале неколку недели пред заложничката криза и имале купишта кеш. Самите си нашле сместување, што и не било така лесно во Минхен каде се било резервирано заради Олимписките игри. Наместо да останат заедно, тие морале да отседнат по соби во различни хотели. 

Еден од водачите по прекар „Тони“, дури дал и оглас во дневниот весник „Зидојче цајтунг“, каде напишал дека бара „стан за да живее со семејството“. Херта Н., поранешна сопруга на адвокат која во ништо не се посомневала, му издала соба на „Тони“.

Неонацисти наместо левичарски екстермисти

Во писмо испратено до нивните колеги од надворешното разузнување во БНД на почетокот на 1973, разузнавачките агенти на БфВ заклучиле дека „нема докази“ дека германските левичарски екстремисти ги подржувале палестинските терористи.

Но, тоа не бил случајот и со Пол и Абрамовски, германските неонацисти. Помалку од два месеци пред масакрот, полицијата во западниот град Дортмунд испратило телекс до БфВ во кое имало информации од потенцијален интерес за разузнувачката агенција. Во насловот на телексот стоело: „Претпоставка за конспиративни активности од палестински терористи“. Во телексот имало информации за Вили Пол и неговата врска со Мохамед Дауд, чие герилско име е Абу Дауд, мозокот на минхенскиот напад. Дали масакрот можел да биде спречен ако БфВ, но исто и државните канцеларии за криминални истраги во Дизелдорф и во Минхен и БКА, серизоно ја сфателе важноста од телексот?

Денес Вили Пол е успешен автор на криминални романи кој пишува под друго име. Тој убедливо го осудува тероризмот и насилството од пред неколку децении, па дури и напишал роман за тоа. Пол исто така напишал повеќе сценарија за многу северногермански епизоди од популарната криминалистичка серија „Таторт“. Сега на 68-годишна возраст, тој се согласи да зборува само за Шпигел, под услов во текстот да не биде објавена негова слика.

Во летото 1972, Пол кој бил роден во регионот на тогашниот Советскиот Сојуз, порано познат како источна Прусија, бил љубопитно и живо 28-годишно русокосо момче од сиромашно семејство, со неколку обвинувања за големи кражби под пазувите. Тој исто украл пари од својот работодавец, кој за возврат бил мотивиран да и каже на полицијата дека Пол го подржувал радикалното крило на ПЛО, и дека се сретнал со маж од „арапско потекло“ кој престојувал во хотелот Ромишер кајзер во Дортмунд. Полицијата брзо дознала дека името на тој што престојувал во хотелот е Саад Вали. Саад Вали е псевдонимот на Абу Дауд.

Во сега објавените документи, нема индикации дека државните канцеларии за криминални истраги, БКА или БфВ, кои биле известени од полицијата во Дортмунд, направиле нешто за да го пронајдат сомнителниот Вали. Како резултат на тоа, според документите, Абу Дауд, или Саад Вали, можел да остане без опасност во хотелот Еден Волф во Минхен пред и за време на нападот, среќавајќи се со милитантите во неговата соба, а од таму им се јавувал и на неговите колеги во Либија и Тунис.

Незнаејќи инволвиран?

Врската меѓу Пол и Абу Дауд била воспоставена преку некој германски неонацист кој се борел со палестинци во Јордан. Абу Дауд, кој тогап имал 35 години и бил наставник во Ерусалем, со детски лик и тенки мустаќи, подоцна изјавил дека бил незаинтересиран за политичките погледи на синоокиот Пол, и дека луѓето како Пол ги сметал како „многу корисни за во иднина“.

Во Дортмунд, на Дауд му била потребна помош од Пол за да купи неколку мерцедес автомобили, што Пол и го сторил. Дауд исто побарал и професионален фалсификатор за пасоши, па Пол го запознал со еден негов пријател од затвор, Абрамовски. 28-годишниот кој исто бил иселен етнички Германец од источна Прусија, бил сметан за професионален фалсификатор.

Денес Пол е скоро сигурен дека незнаејќи бил вовлечен во подготовките за олимпискиот напад. - Го возев Абу Дауд низ половина Германија, а тој се сретнуваше со Палестинци во различни градови.

Во Келн, официјалното лице од ПЛО исто се сретнал и со Арапи кои носеле одела и вратоврски. Пол верува дека тоа биле дипломати поврзани со либиската амбасада во Бон. Според Пол, тој и Абрамовски ја напуштиле Германија на крајот на јули и отпатувале во Либан преку Рим.

Како што и кажал Абрамовски на државната безбедност од БКА, тој и Пол се вселиле во бунгалов со рамен кров во село во близина на Бејрут. Скоро секоја вечер, службено лице од ПЛО го земал Абрамовски со автомобил и го носел во печатница во главниот град, каде, според Абрамовски, тој фалсификувал кувајтски и либански пасоши, менувал имиња на американски и француски документи, и менувал фотографии на пасоши. Денес сеуште не е јасно дали напаѓачите од Минхен користеле пасоши од работлиницата на Абрамовски за да влезат во Германија.

Според Пол, тој во тоа време не знаел ништо за планираниот напад во Минхен. На 12 август, само 12 дена пред масакрот, палестинците станале поотворени и зборувале за „спектакуларен терористички напад“.

Иако Пол не се сеќава дека го слушнал зборот „Минхен“, се зборувало за операција за земање заложници во Германија, со која Палестинците планирале да заменат 20 Израелци за околу 200 нивни милитанти кои биле во израелските затвори. Палестинците го уверувале дека тоа ќе било бескрвав инцидент, и ги прашале двајцата германци што мислат како ќе реагира германската јавност околу тоа.

Луд план

Пол вели дека предожил да направат меѓународна прес-конференција во Виена, на која би учествувал тој заедно со службеното лице од ПЛО. Според Пол, тој одлетал во Виена преку Париз, што се совпаѓа со изјавата од неговиот пријател Абрамовски дадена за надворешната разузнавачка агенција БКА во тоа време, Имено, дека Пол бил во Австрија за време на олимписките игри, „за да среди нешто за палестинците таму“.

Кога на телевизија видел дека операцијата со заложниците пропаднала, Пол ја напуштил земјата. Неколку дена подоцна, тој се вратил на Блистиот исток каде шефот на разузнавањето на ПЛО Абу Ијад, бил решен дека ќе се одмазди. Според сеќавањето на Пол за настаните, тој вели дека Ијад ги обвинил германските власти повеќе од било кого друг за фактот дека операцијата во Минхен се претворила во таква катастрофа. Покрај тоа, Пол вели дека Ијад верувал во озборувањата дека израелски офицери ја предводеле неуспешната операција за спасување наместо германската полиција.

Од ставот на шефот на разузнувањето на ПЛО, ова значело дека Германија се вмешала во војната меѓу Израел и палестинците, со пто Германија станала непријател со кого треба да се справат. Според Пол, Ијад го прашал да им предложи можни германски цели за идни напади. Неколку дена подоцна во Каиро, Пол им го претставил она што тој денес го нарекува луд план.

Тој предложил заземање на неколку градски собранија низ цела Германија и земање на локални политичари како заложници. Потоа на Божиќната вечер во 1972, група милитанти би влетале во катедралата во Келн. Целта би била да се натераат Германија и други земји да исполнат листа на барања. На операцијата и било дадено кодно име „џамија“, вели Пол. Во средината на октомври, Пол и Абрамовски отпатувале во Мадрид за да земат оружје за овие и за други операции. Се качиле на воз за Минхен, преку Париз, и го зеле оружјето со нив. Тоа е верзијата на Пол, која во суштина се совпаѓа со информациите од објавените документи.

Шокантна опуштеност

Но пред да го изведат својот план, Пол и Абрамовски биле предадени и уапсени. Рачните гранати кои биле најдени кај двајцата неонацисти предизвикале кај истражителите да заклучат дека тие морале да бидат во блиски контакти со умовите од олимпискиот масакр. Според еден полициски извештај, гранатите се производ на една „екстремно ретка производствена операција“. Тоа биле белгиски гранати кој содржеле шведски експлозив, кој бил единствено произведуван за Саудиска Арабија. Терористите од ПЛО користеле исти такви гранати за да ги убијат заложниците во неуспешниот обид во Фирстенфелдбрук.

Се разбира, ова го отвара прашањето дали истата радикална десничарска мрежа го обезбедило оружјето за напаѓачите од Минхен во Баварија, прелу истата рута од Мадрид преку Париз. Ова прашање до денес останува неодговорено. Пол негира дека било така. Тој вели дека патот преку Мадрид била негова идеја и дека тоа го извеле по олимпискиот напад. Наместо тоа, тој претпоставува дека либиските дипломати во Германија помогнале во внесувањето на калашњикови и рачни гранати за терористите од Минхен.

Германските судови ги третирале Пол и Абрамовски со шокантна опуштеност.  Истрагата по сомнежот заради прекршување на законот за контрола на оружје за војување, и „членството во криминални организации“ не довеле до ништо, иако меѓу доказите биле и оние „операциски планови за земање заложници“ кои „наведуваат на киднапирање на неидентификувани лица во Есен, Бохум и Келн“.

Во 1974, двајцата германци биле безмалку обвинети за нелегално поседување на огнено оружје. Абрамовски бил осуден на осум месеци, а Пол на 26 месеци затвор, Само по четири дена од пресудата, Пол бил ослободен и одлетал за Бејрут. Во документите нема ништо со кои ќе се објасни што е причината за ваквата опуштеност.

Можеби властите се исплашиле дека палестинците ќе се обидат да го ослободат Пол на ист начин со кој се обиделе да ја обезбедат слободата за тројцата преживеани членови од операцијата за нападот на олимписките игри: со киднапирање на германски патички авион. Неколку дена по апсењето на Пол, терористи од фракцијата Фатах на ПЛО, киднапирале авион на Луфтханза кој летал кон Франкфурт. Германската влада им се предала по нивните барања, и тројцата одлетале за Либија.

 текстот е преземен од Шпигел - Хамбург

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »