речник контакт

Доминација на велешани на јуниорското првенство во кајак

Петмина велешани во младинска и јуниорска категорија се државните претставници на ЕП за овие категории кое наесен ќе се одржи во Словенија

Петар Печков

 На државното првенство за јуниори кое  викендов се одржа на патеката на реката Вардар ноз Велес, доминираа велешките кајакари.

Во категоријата  К-1 победи Иван Лајлушев од КК Вардар, пред велешанецот Били Јорданов коиј вози за КК Илинден од Скопје  а трет беше Стефан Кочов од КК Вардар. Во оваа конкуренција настапија 17 натпреварувачи.

Во 3хК-1, меѓу петте посади   победи првата екипа на КК Вардар. Во севкупен пласман со 63 поени победи КК Вардар од Велес пред КК Илинден од Скопје со 62 поени.

Ова првенство, заедно со уште две други трки беше изборно за младинската и јуниорската селекција, која во септември ќе вози на ЕП за овие категории во Словенија. Во неа се земени да возат и велешаните Лајлушев, Јорданов и Кочов за младинци а додека кај јуниорите Игор Стефанвоски и Борче  Милчевски од КК Вила Зора.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »