речник контакт

Домот на Солеви уметничко ателје за создавање на грнчарски производи (фото)

За куќата на Солеви, раскажува велешката архитектка Стана Амбаркова

Петар Печков

„Ова е родната куќа на Кочо Солев, поточно на неговите родители Марија и Апостол Солеви. Тој во неа е роден, но почесто бил гостин отколку домаќин, бидејќи  е познат неговиот животен пат“ - ова го кажа велешката архитектка Стана Амбаркова, почнувајќи го раскажувањето за домот на Солеви.

„Денешните архитекти ќе бидат сигурно збунети, како да постават дом за многудетно семејство, како што   бил случајот со Солеви. Плус да се погрижат и за извршувањето на занаетот- грнчарството“ - додава Амбаркова.

Таа беше домаќин на отворениот ден на куќата на Солеви, и говореше како архитектонски била решена внатрешноста на домот.  

“Прво што домаќините направиле било да има место и комоција за магарето. Можеби ќе звучи чудно или несериозно, но тоа за нив живот значело. Со него оделе по глина, ги носеле готовите грнчарски произведи на пазар. Без магарето не може леб дома да се донесе и затоа имало таков третман“ - вели Стана.   

Десно била фурната каде се печеле производите а до него ателјето за  создавање на глинени производи.  Тука се и чардаците каде стоеле готовите  грнчарските производи и се цртале.

 „Кочо и неговите браќа и сестри биле уметници, бидејќи тие цртале цртежи по грнчарските производи, кои не се потворувале“ - додава Амбаркова  

„Кога ќе го видите денес распоредот, сигурно ќе се прашате каде се сместувала фамилијата, оти има само две соби. При реставрацијата на објектот, на таванот ,не се обзрнало внимание на тоа. Таму имало шест кревети и разбојот на баба му кој сега ги нема“ - кажа Станка.  

Во една од собите се наоѓа мал прозор, преку кој мајката Марија, гледала кој се влегува и се движи низ куќата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »