речник контакт

Донација за ТППЕ Велес од Дирекцијата за заштита и спасување

Комплет за спасување при големи сообраќајни несреќи, урнатини и земјотреси и еден комплет за спасување од вода и при поплави

Петар Печков

Донација вредна 50 илјади евра два сета опрема доби велешката Територијална противпожарна единица. Тоа се комплет за спасување при големи сообраќајни несреќи и урнатини, земјотреси  и еден комплет за спасување од вода, при поплави.

„Битно е локалната власт и државните институции соработуваат блиску,заради давање на било каква помош што граѓаните можат да ја имаат  при елементарни непогоди и други несреќи.  Верувам дека ТППЕ од Велес ќе знае најдобри да ги искористи. Средствата ќе ги користевме за заеднички вежби на слични институции до регионот“- кажа   Беким Максути директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Велес е до коридорот 10,каде што минуваат бројни возила по него. Овој сет може да послужи за тешки сообраќајки. Сакаме да специјализираме екипа од велешката територијална единица, која ќе дава помош при поплави, земјотреси или за сообраќајки“-  изјави Љупчо Лепидовски, командир нa ТППЕ Велес.  

Градоначалникот Марко Колев порача за добиените два сета помош,  „добро е да ја имаме, но да не ја користиме“.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »