речник контакт

Донација на апарати за детското одделение во болницата

Преку повеќе донаторски настани Здружението на лица со церебрална парализа на Општата Болница и купија ЕКГ – апарат за деца и аспиратор за бебиња

Петар Печков

Здружението на лица со церебрална парализа на  Општата Болница од Велес и купи неопходни апарати за детското одделение, за собата за полуинтензивна нега.  Преку повеќе донаторски  настани  организирани пролетва, тие обезбедија 70 илјади денари, со цел добивање на средства за Детското одделение при велешката Болница. За овие пари тие купија  ЕКГ – апарат за деца и аспиратор за бебиња   

Верувам дека ќе помогне на малите, иако посакувам да се употребува што помалку. Но сигурно е дека е потребен. Кога веќе ги имаме сите други апарати, да го имаме и овој па нека и нека стои како музејски предмет – вели Далиборка  Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа.

За собирање на средствата тие организираа концерт на Хорот од ОУ Васил Главинов, спортски настан и театарска претстава. Претходно оваа граѓанско здружение ја опреми оваа соба со други апарати а со последните набавени ја заокружи неопходната апаратура.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »