речник контакт

Донација од 16 лап-топи за учениците од социјално ранливите семејства

Донацијата е од ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локалната самоуправа и НАЛАС – Мрежата на асоцијација на локални власти од Југо Источна Европа

Петар Печков

Општина Велес доби 16 лаптоп компјутери. Истите се наменети за потребите на учениците од социјално ранливите семејства. Тоа е  донација од ЗЕЛС - Заедницата на единиците на локалната самоуправа и НАЛАС – Мрежата на асоцијација на локални власти од Југо Источна Европа и е  обезбедена во рамки на проектот „Зајакнување на локалните капацитети за спроведување на Агенда 2030 и принципот Никој да не биде изоставен“.

„Донацијата во голема мера ќе им го олесни образованието на учениците од социјално ранливите семејства. Целта на проектот е зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи за примена на социјални пристапи со крајна цел социјална инклузија на ранливите групи. Покрај лаптоп компјутерите, учениците ќе добијат и обука за дигитална писменост од страна на експерти“- соопштија од Општина Велес.

Освен Општина Велес, лаптоп компјутери добиле и општините Битола и Штип.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »