речник контакт

Донација од Жито маркети за велешката болница

Апарат за интензивна и постелнина за детско одделение

Петар Печков

Апарат за торакална дренажа за интензивното одделение на  хируршкото одделение и постелнина, перници и новогодишни пакетчиња за детското одделение, е донацијата која Жито маркети  ја врачија на Општата Болница Велес. Ова е во рамките на нивната  кампања  ,,Навика да добивам повеќе,, која се работи за клуб картичките на овој велешки ланец од маркети. 

Големината и успешноста на една компанија не зависи  само  од нејзините финансиски параметри  туку и од општествената одговорност во средината каде  работи. Среќни сме што првата етапа од нашата кампања  ја реализираме во велешката Општа Болница. Ќе донираме во секоја општина каде имаме свои маркети - изјави  Стојанче Тодоровски, маркетинг агент во Жито маркети.    Донацијата е реализирана со помош на граѓанското здружение  на ,,Родители за грижа за здраво поколение,,  кои побарале од Жито маркети, тоа што е неопходно за Болницата. Добиле  30 комплет детски постелнини, 20 прекривачи,10 музички перници и 30 новогодишни пакетчиња.    

 Благодарејќи на  овие хумани луѓе добивме апарат, кој го немаме а ќе користи на сите пациенти. Во нивно име благодарност за донацијата и гестот.  Постелнината е секогаш добредојдена бидејќи со време постојната се амортизира -рече директорот д-р Атанас Василев.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »