Петар Печков
Објавено: петок, 02 декември 2022
По повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, беше доставена донација во Основното училиште со ресурсен центар „Маца Овчарова“.
Донацијата ја обезбедија припадниците на обуката за подофицери заедно со нивните старешени кои се стационирани во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“.
Тие донираа сопствени средства за да се купат различни играчки и нагледни средства, а еден ден се откажаа и од нивната маренда па така 150 маренди беа вклучени во донацијата.
Донираните средства ги превзедоа волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Велес и заедно со припадниците на Армијата ги доставија во училиштето, каде се одржуваше традиционалната ликовна работилница.
Освен во ОУРЦ „Маца Овчарова“ дел од маредните се доставија и во Дневниот центар за лица со посебни потреби.
Tweet |