речник контакт

Донација од опрема од Маркарт Македонија за пожарникарите

Донацијата се состои од осум пара против пожарни чизми BRAND BULL и исто толку пара противпожарни ракавици FHR 001

Петар Печков

Територијалната против пожарна единица од Велес денес доби донација од германски Маркарт, вредна 2,6 илјади евра.  Донацијата се состои од  осум  пара против пожарни  чизми BRAND BULL, и исто толку пара  противпожарни  ракавици FHR 001. Денес нив ги врачи директорот на компанијата Маркарт Македонија Волфганг Ајхер.

Ние сме важен дел од заедницата и тоа треба да го покажуваме на дело. Вашата противпожарна единица треба да биде подготвена за да одговори на предизвиците.  Се надевам дека не само Маркарт, туку  и останатите компании ќе го дадат својот придонес, за да можат  да помогнат.  Можеби помошта и не  е многу, но сепак мило ми е што можеме да помогнеме - рече Ајхер.  

Тој  потенцира дека компанијата е најголем работодавец во Велес и  ја искористи можноста да ги пофали пожарникарите  кои несебично се вложиле во гаснењето на пожарот кај езеро Младост а во тоа успеале  и очекува дека со ново добиената опрема ќе бидат уште повеќе подготвени. 

За значењето од добиената опрема, зборуваше командирот на ТППЕ Велес, Љупчо Лепидовски. 

Дадовте донација која е многу значајна за нас. Но ова е поттик и за другите стопанственици да го следат Вашиот пример, оти Вие сте први кои помогнале а ние ќе извршиме обука на Вашите вработени  за евакуација и гаснење на пожар. Очекувам дека ова ќе биде почеток на соработка и со други компании а со ова ги покриваме недостатоците во лична заштитна опрема на пожарникарите  - порача Лепидовски.  

ТППЕ Велес е регионална и ги покрива териториите на соседните општините Градско и Чашка.  Благодарност за донацијата искажа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во името на градоначалниците од Чашка и Градско и тамошните Совети но и од името на сите граѓани. 

Со оваа донација, со скапа опрема,  се зголемува безбедност на пожарникарите при нивните интервенции. Во овој случај на осуммина пожарникари.  Посакувам пожарникарите да имаат што помалку работа а кога имаат да ја извршат професионално, ефикасно,  брзо со цел да спасат човечки живот и поголеми материјални штети - порача Коцевски. 

Во знак на благодарност, командирот Лепидовски на директорот Ајхнер му подари пожарникарска алатка за работа. Оваа донација претходно едногласно ја усвои Советот на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »