речник контакт

Донесена конечна одлука за местачите во Калчото

По неклкуденевно одлагање поради големата еуфорија од освоената титула на Италија, донесена е конечна пресуда за Јувентус, Лацио,Фиорентина и Милан.

lj lkjl

Јувентус, Лацио и Фиорентина во Серија Б, Милан останува во Серија А но со минус 15 бода. На Милан исто така му се одземени и 44 бодови од освоените бодови во сезоната 2005-06. На Јувентус му се одземени и последните две титули. Покрај ова Јувентус наредната сезона во Серија Б ќе ја почне и со минус 30 бодови. Фиорентина новата во Серија Б ќе ја почне со минус 12, а Лацио со минус 7 бодови. Пресудата ќе значи и дека сите четири клубови замешани во скандалот наредната година нeма да смеат да учествуваат ни во едно Eвропско клупско натпреварување. Со ова Интер и Рома ќе добијат дирекно место во Лигата на Шампиони, а пресотанатите две места ќе ги завземат Киево и Палермо. Место во купот на UEFA ќе добијат Ливорно, Парма и Емполи. Можеби најсерќни од ваквиот развој на настаните ќе бидат Лече, Тревизо и Месина, кои и покрај тоа што беа последнопласирани минатата година сепак ќе останат во Серија А, единствено како резултат на префрлањето на Јувентус, Лацио и Фиорентина во Серија Б. Казнети се и голем број на директори од замешаните клубови. Менаџерот на Јувентус Лучијано Моџи суспендиран е на пет години надвор од фудбалот, потпреседателот на Милан Адријано Галијани на една година, преседателот на Лацио Клаудио Лолито суспендиран на три години, преседателот на Фиорентина Андре Дела Вале на четири години, судијата Масимо де Сантис 4 години и 6 месеци, претесдателот на судиската комисија Франко Каро заработи 4 годишна суспензија. Клубовите имаат параво на жалба во наредните три денови. Заклучно со 25 јули мора да биде затворен целиот случај, биедјќи ова е краен датум на Италјанската федерација да даде листа на клубовите што ќе учествуваат во еврокуповите.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »