Петар Печков
Објавено: вторник, 16 август 2022
„Целта која треба да се постигне е намалување на потрошувачка на електрична енергија за 15 отсто споредено со истиот месец од претходната година“, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Вклучете го бојлерот само кога ви е потребна топла вода и тоа на евтина струја, ладилникот нека не лади до максимум, внимавајте со греалките, полначите за мобилни телефони вадете ги од штекерите кога не полните телефон, итн. Тоа се само мал дел од препораките на Владата до домаќинствата како да се вкучат во планот за штедење на струја. Владата донесе мерки за државните институции и општините кои предвидуваат и казни доколку не заштедат барем 15 проценти од досегашната потрошувачка, а на домаќинствата власта може само да им препорача штедење.
-Користете го бојлерот за подготовка на топла вода само кога таа ви е потребна и тоа по можност во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја), без притоа да се наруши квалитетот на живеење. Не го поставувајте термостатот на бојлерот за топла вода до максимум. Колку е температурата на водата повисока, толку е и топлинската загуба кон околината повисока.
-Избегнувајте позиционирање (вклучување) на ладилникот на (нај)ниски температури.
-Во текот на денот користете го што е можно повеќе сонцето за осветлување како и за загревање на просторот во грејната сезона, додека во текот на ноќта во грејна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
– Во текот на денот во летна сезона спуштајте ги ролетните и завесите.
-Користете ја машината за миење садови секогаш полна на ниска тарифа на електрична енергија.
-Машината за перење алишта користете ја секогаш кога е полна и во време на ниска тарифа на електрична енергија.
-Исклучувајте ги светилките во просториите во период кога подолго време не престојувате во нив.
-Исклучувајте го компјутерот по завршувањето на работата со него.
-Исклучувајте ги полначите за батерии од приклучниците (лап-топ, мобилни телефони).
-Гответе во помали садови или во садови соодветни на големината на ринглата
-Користете енергетски ефикасни (CFL, LED) сијалици.
-При купувањето на нов производ преферирајте тој да биде со највисока класа на енергетска ефикасност (A+++, A++, А+, А). Уредот со повисока класа на енергетска ефикасност троши многу помалку енергија, а со тоа и пари во однос на уред кој што е означен со пониска класа на енергетска ефикасност.
– Исклучете го декоративното осветлување на фасадите на приватните објекти.
-Во сезона на ладење подесете ја температуратата на климатизерите не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени.
– Користете на скали наместо лифт доколку е соодветно за да се намали потрошувачката на енергија,
– Полнење на батериите на електричните тротинети во ниска тарифа на електрична енергија (евтина струја).
Сите државни и јавни институции и државни претпријатија се задолжени:
-Да го исклучат декоративното осветлување на фасадите на сите објекти и културни споменици,
-Да не се користи осветлување во внатрешните простории во јавните објекти во период кога има доволно дневна светлина,
-Во јавните објекти во сезона на ладење температурата на климатизерите да се местат не пониско од 27 степени, а во сезона на греење не повисоко од 20 степени,
-Исклучување на светилките кога се напуштаат просториите или може да се користи дневна светлина,
-Печатење само на оние документи кои се потребни и онолку копии колку што се неопходни,
-Да се исклучуваат сите компјутери по завршување на работата,
-Да се заменат каде што има финансиска можност старите светилки со нови поефикасни светилки
Tweet |