речник контакт

Дончо Мирчев првиот градоначалник на Велес, неправедно заборавен

Тој е првиот градоначалник на Велес, во Македонија, во рамките на Федерацијата на Југославија 1944-1946

Петар Печков

Дончо Мирчев или Дончо Мирчевски (1889  Велес – 1985 Титов Велес)

Тој е првиот градоначалник на градот Велес после ослободувањето на градот, по Втората Светска војна, во периодот  од 1944 до 1946.  Тој и пред тоа бил  градоначалник на Велес помеѓу 1920 до 1921, како кандидат на  Социјалистичката работничка партија на Југославија (комунисти).

После неговиот втор мандат заради тензиите помеѓу Јосиф Сталин и Јосип Броз Тито со Информбирото,  бил уапсен и пратен во Голи Оток каде што бил во затвор за три години. После тоа во 1953 се вратил во Велес,  се исклучил од политика и пензионирал. Во 1985 година со 96 години тој починал.

Дончо Мирчев е македонски политичар и револуционерен деец, бил еден од делегатите на основачката конференција на ВМРО (Обединета) во градот Велес. Бил близок соработник со Панко Брашнаров. Помогал на НОВМ при НОБ.

Роден е во 1889 година во  Велес како Дончо Иванов Мирчев, во семејството на Јован  и Марија Мирчеви. Завршува основно школско образование во најстарото велешко основно школо, завршува средношколско образование во велешката гимназија. Против своја волја, како и многу други Македонци,  учествувал како војник во бугарската армија во време на балканските војни и Првата светска војна.

После војните Мирчев продолжува да живее во Кралството на СХС. После Првата Светска војна околу 1919 почнувал да се ориентира кон социјалистички и комунистички идеи, во овој период станува член на комунистичката партија на Југославија.

Заедно со Панко Брашнаров отвора на главната улица во Велес кафеана „1 мај“, која се претворила во главно и централно место за комунистичкото движење во Велес.   Поради тоа бил затворен и  казнет. Тој после тоа отворил втора кафеана со името „Централ“ каде што и Кочо Рацин бил редовен член.

Во март 1920 во Велес на   демократски избори, на кој победил, бил следниот градоначалник на градот.  На изборите биле четворица  кандитати: Јовче Џипунов, поранешен учител во велешката гимназија и член во КПЈ од 1912, Никола Цураков, мајстор кој што во иднината станал градоначалник на Велес помеѓу 1924 до 1932, Јанко Шоптрајанов, деец на КПЈ и Дончо Мирчев. Победил  Дончо Мирчев, неговиот мандат траел помалку од една година.

Причината за брзиот крај на неговиот мандат било тоа што во 29 декември 1920 година Владата на СХС ја донела  „Обзнаната“, со која што ја забранува дејноста на комунистичката партија. Неколку месеци подоцна во 1921 година е донесен и Законот за заштита на државата па  владеењето на Мирчев  како градоначалник, прекинало. Мирчев изјавувал, дека ќе ја предаде власта само на тој, кој што му ја дал - народот.

После 1925 година е подложен на прогон од властите поради нелегална комунистичка дејност и во 1929 година е осуден на 3 години затвор за печатење  на нелегален материјал.

После излегувањето од затвор почнал да работи различни работи за да преживее. Тој бил преработвач и продавач на брашно и други житни култури во Велес. Купил куќа во селото Милино и во неа отвора дуќан, кој што во време на Втората светска војна е база на комунистичките партизани. Во јули 1944 година Мирчев и Брашнаров формираат ослободителен комитет, каде што Мирчев станувал негов претседател

После ослободувањето на Велес и формирање на нова комунистичка власт во Велес, на 9 ноември 1944 година Дончо Мирчев станал прв претседател на Народноослободителниот комитет на градот, градоначалник и останува на должноста до 1946 година. Тој  е првиот градоначалник на градот Велес, во Македонија, во рамките на Федерацијата на Југославија. 

При неговиот мандат тој почнал да го  воведува новиот кодифициран македонски јазик во школите  на Велес и почнал процесот на проширување на градот. По прекинувањето на дипломатска соработката меѓу Тито и Сталин, во 1950 година Мирчев е уапсен и пратен на Голи Оток, каде што лежи до 1953 година. После тоа тој се изолирал од политиката  и повеќе се насочил кон неговиот приватен живот, тој имал жена и седум деца,  внуци. Умира во Велес во 1985 година.

Истражувајќи за Дончо Мирчев, ми падна во очи и тоа што неговиот лик и име ги нема во фоајето на Општина Велес, каде се сите градоначалници на Велес од 1946 до денес, со нивни фотографии.

Очекувам дека актуелниот градоначалник Марко Колев оваа неправда кон првиот „татко “ на градот ќе ја исправи.

извор википедија

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »