Петар Печков
Објавено: вторник, 14 јуни 2016
До 10-ти јуни во велешките основни училишта се запишани 563 прво одделенци кои ќе посетуваат настава во учебната 2016/7 година.
Најмногу се во ОУ Блаже Конески 136, потоа следи ОУ Васил Главинов со 130. Во ОУ Св. Кирил и Методиј бројката е 79, во ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот има запишано 49 првачиња засега, во ОУ Благој Кирков 30. Во ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари има 19 а во ОУ Стојан Бурчевски Буридан од Иванковци 10 прво одделенци.
Во подрачните училишта на ОУ Васил Главинов има запишано и дополнителни 88 првачиња. Најмногу се во Бузалково 43, во Сливник 22, во Клуковец 14, во Превалец 6 и во Раштани 3.
Во подрачното училиште во село Црквино, кое припаѓа на ОУ Св. Кирил и Методиј има запишано 3 прво одделенци.
Во двете подрачни училишта на ОУ Благој Кирков има упис на 5 ученика, 2 во подрачното во село Караслари и 3 во село Чалошово.
Во трите подрачни училишта на ОУ Стојан Бурчевски Буридан има запишано 6 ученика, по 2 во селата Иванковци, Отовица и Сујаклари.
Во подрачното училиште во Башино село, кое припаѓа на ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот запишани се 5 ученици во прво одделение.
Уписот на деца родени 2010/11 година трае се до 1- ви септември. Споредбено во клупите за прв пат во учебната 2015/6 седнаа во велешко 598 ученици првачиња, еден помалку отколку во 2014/5 учебна година.
Tweet |