Петар Печков
Објавено: недела, 26 септември 2010
Тој е уапсен и против него полицијата завчера поднесе кривична пријава за семејно насилство. Мирослав пред еден месец заминал да работи во Данска. Неговите пријатели го информирале дека сопругата го изневерува.
Затоа веднаш одлучил да се врати и самиот да се увери во тоа дали неговата сопруга го изневерува или пак не. Кога пристигнал во Велес, куќата била затворена. Разбрал дека М.Т.Т. е кај нејзините родители во селото, по што Мирослав, откако набавил лисици за врзување и камера, се упатил да ја најде.
Кога ја нашол во домто на нејзините родители насилно ја извлекол од домот во дворот и со лисиците ја врзал за оградата. Потоа ја соблекол гола и почнал да ја тепа и да ја распрашува кој е мажот со кого го изневерува. По претепувањето, со камерата почнал да ја снима врзаната соп¬ру¬га, која го молела да ја пушти.
Во тој момент излегол нејзиниот татко, кој успеал да ја одврзе, по што изневерениот зет се качил во автомобилот и заминал, оставајќи ја сопругата полугола. Случајот веднаш бил пријавен во полиција и Мирослав бил приведен и по целосното документирање на случајот, му била поднесена кривична пријава.
Tweet |