Петар Печков
Објавено: сабота, 17 февруари 2018
Кинеската Нова Година, позната е како Празник на пролетта, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата млада месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта.
Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари.. Таа во Кина и Тајван стигна вчера, 16 февруари. Оваа година е година на кучето а минатата беше година на петелот.
Традиционално се одбележува со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина. .
Според кинеското учење, оваа година ќе донесе повеќе мудри одлуки, ќе се создадат темели за нови почетоци, ќе бидеме снаодливи, издржливи и ладнокравни во потенцијало тешките моменти. Во годината на петелот повеќе време ќе минеме во хармонија со фамилијата и пријателите.
Tweet |