Петар Печков
Објавено: вторник, 27 март 2018
Дупките на улица 8-ми септември, од Пошата до плоштад Сармаале ќе се санираат во текот на утрешниот ден, среда. По реакциите на јавноста за дупките кои се појавија пред да падне последниот снег, локалната власт одлучи тие да се пополнат во среда 28 март. И тоа во терминот од 10 до 11ч.
Надлежните бараат разбирање бидејќи во тој период сообраќајот ќе се одвива отежнато. За тоа време најмалку две седмици во должина од стотина метри, во центарот на градот, се возеше слалом, за да се избегнат дупките и не се оштетат автомобилите.
Додека се изведуваат работите сообраќајот ќе се одвива отежнато, по само една сообраќајна лента и со наизменично пропуштање на возилата од двата правци.
Општина Велес апелира до граѓаните за трпеливост и почитувње на насоките oд сообраќајната полиција која ќе го регулира протокот на движење. Воедно препорачуваме доколку нема голема и неодложна потреба да го избегнуваат тој дел за движење со моторни возила.
Tweet |