речник контакт

Драган Б. Костиќ на 5 ФМ радио

„Кавервил“ е новиот проект на легендата на македонското радиоводителство Драган Б. Костиќ, кој наскоро ќе се емитува на програмата на велешкото радио 5 ФМ.

Петар Печков

Под мотото „Го враќаме радиото во секој дом“, емисијата ќе ги обработува кавер верзиите на познатите поп-рок хитови низ децениите зад нас, а авторот на проектот ветува интересни информации, многу квалитетна музика и пред се, одлична забава.

 „Кавервил“ е радио емисија и за основа ги има кавер верзиите кои се еден од столбовите за опстојот на популарната музика. Стотици неверојатни стории и невообичаени кавер верзии не очекуваат во месеците пред нас. До почетокот на проектот има доволно време за соопштување на интересни податоци околу „Кавервил“, но и време за вашата подршка која има исклучителна тежина во создавањето верба во потребата од постоењето на проектот, како кај реализаторскиот тим, така и кај слушателскиот корпус, рече Драган Б. Костиќ.

„Кавервил“ ќе се емитува на програмата на 5 ФМ Радио секој работен ден од 10 до 11 часот. Од таму велат дека се горди што на својата програма ќе го имаат легендарниот Драган Б. Костиќ.

 Тој е светски рекордер во континуирана реализација на радиските емисии како што се „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“. Драган Б. Костиќ е човек со неуморен дух, вечен вљубеник во магијата наречена „радио“, а веруваме дека „Кавервил“ е нова страница во неговата кариера. Оваа соработка е од историско значење и за нас, како локален медиум, а најголемиот бенефит од ова, секако, ќе го имаат Велешани, велат од 5 ФМ Радио.

Премиерата на првата емисија на „Кавервил“ велешани ќе ја слушнат во понеделнк на 4 мај во 10 часот, а репризно ќе се емитува на полноќ. Реализацијата на овој проект е на СТ продукција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »