Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2013
Младиот моторист Драган Ванов член на Мото клубот Мото Велес победи на неделната трка во ендуро во класта Е-1, која се возеше на патеката Стенковец близу Скопје.Тој имаше и најдобри времиња на двата екстремни теста. Вториот натпреварувач Љупчо Ничевски во категоријата Е-3 беше четврти, додека Гали Филиповски во Е-1 бил дисквалификуван.
Поради лошите односи во Федерацијата годинава се возеа два трки во ендуро а се очекува уште една трка до крајот на сезоната, по која ќе бидат познати севкупните победници по категории. Поради ова не се одржа ниту ендуро трката на патеката кај езерото Младост.
Tweet |