Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 ноември 2021
Со победи во двете мотокрос трки кои се возеа вчера, недела, на патеката Смолево, близу Битола, велешанецот Драган Ванов, член на МК Мото Велес славеше и во генералниот севкупен пласман. Ванов имаше најдобро време во двете возење, помеѓу седумте учесници во конкуренција.
Вон конкуренција на овие трки настапија и двајца учесници од Србија, беше втор и Италија, беше шести. Воздеше возеше во МХ2 до 250 кубика а вози на мотор „Кавасаки“. Со ова тој ја задржа првата позиција во мотокрос и на крајот го освои шампионатот. Истовремено Ванов е победник и во ендуро шампионатот, што е редок успех, некој моторист да освои две титули во различни категории.
За Ванов ова е четврта шампионска титула во ендуро и прва во мотокрос. На ФБ неговиот придружен тим, напиша „Ова е огромен успех за Драган, кој е мошне тешко да се постигне имајќи предвид дека ова се опасни и екстремни спортови со висок ризик“.
Второто место на овие две трки, возени во Битола, на патеката Смолево ги освои членот на МК Мото Велес, скопјанецот Даниел Јаневски.
Tweet |