речник контакт

Драган Ванов првак во Е1 ендуро шампионатот (фото)

Фудбалерите на Борец конечно победија, победа и пораз за велешките футсал екипи, Казир Камбери победи на пеливанскиот турнир, победа за кошаркарите, резултати од пинг понг натпреварите на Борец КИМ

Петар Печков

Драган Ванов победи на неделната трка во ендуро шампионатот на Македонија, која се одржа на патеката на езеро Младост. Со оваа победа Ванов член на МК Мото Велес  стана и првак на Македонија во  Е1 класата. Втор на трката беше велешанецот Виктор Караколев кој вози за МК Ендуро клуб Скопје. Во категоријата Е3 победи Александар Давчевски од КМ Мото Велес. По четири години пауза, на патеката кај езеро Младост повторно се возеше трка од ендуро шампионатот на Македонија.  

Фудбалерките на ЖФК Борец   направија сефте во првата лига. На гостувањето во Радовиш ја победија екипата на ЖФК Плачковица,а двете екипи досега бележеа само порази.  Велешанки победија со 1:3 (0:2) со головите на Николова во 25 и Гиовска во 38 додека третиот гол го постигна  Јавашева во 70 минута. По 7 кола ЖФК Борец е 13-ти претпоследен со три бодови. Следното коло дома на Градски играат со Ателтико од Битола.

Ракометарите на ГРК Борец доживеаја тежок пораз од РК Бутел на гостувањето во Скопје со 48:16 (25:8). Младинскиот состав на велешани, кој игра за да не згасне клубот поради финансиски проблеми,  беше лесен противник за разиграните домаќини. По шест кола ГРК Борец е последен 10-ти без бод. Следното коло, кое се игра на 4-ти ноември во Велес доаѓа лидерот Еурофарм од Битола кој има максимален број победи.

Се одигра шестото коло од Првата футсал лига во која велешките екипи забележаа пораз и победа.  Шампионот КМФ Велес победи со 5:8 (1:3)на гостувањето во Скопје против КМФ Железарец. Дома во салата Гемиџии екипата на КМФ Гемиџии 1904 загуби убедливо од лидерот КМФ Шкупи со 1:7 ( 1:3). По ова коло КМФ Велес е трет со 10 бода а КМФ Гемиџии е петти со девет бодови. Следното коло е градското дерби КМФ Велес - КМФ Гемџиии. 

Во организација на Федерацијата на пеливанско борење на Република Македонија, Општина Велес и Пеливанскиот клуб „Пеливан" од Велес во Младинскиот парк во Велес се одржа 12.Турнир во борење со пеливани. Во Велес допатуваа и најдобрите пеливани од Чашка, Скопје, Кичево, Прилеп и Штип. Казир Камбери беше прогласен за најдобар пеливан, а Дејан Митров беше награден за најдобра борба на турнирот.

Кошаркарите на КК Борец Баскет ја забележаа втората победа во Втората лига Исток. На гостувањето во Македонска Каменица  победија со  59:63.  Со тежок и тврд натпревар забележана е победа над Баскет КАМ  со која велешките кошаркари се лидери на табелата, со подобра кош разлика во групата од четири екипи. Во следното коло го пречекуваат довчерашниот прволигаш Карпош соколи 2000.   

Изминатиот викенд во Прилеп се одржа петтото и шесто коло од државното првенство во пинг понг.  Победа и пораз за велешки Борец ТИМ . Тој во Првата лига загуби од лидерот Кочани 1:4 за подоцна со истиот резултат 4.1 да Борец победи против Студент. По ова коло  екипата на Борец ТИМ е шеста од 8 екипи. Првенството продолжува на 25 ноември во Прилеп. Повисок ранг натпревари е Супер лигата. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »