речник контакт

Драгана Андреевска го промовираше романoт „Осуден“

Книгата е нејзино дебитантско дело

Петар Печков

Викендов во медиотеката од Велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана книгата „Осуден“. Таа е дело на велешанката Драгана Андреевска, романот е нејзино дебитантско дело. Таа е дипломиран правник при УКИМ а работи како туристички водич.

Книгата е издание на издавачката куќа „Збор “ од Велес, за делото зборуваше нејзината сопственичка Емилија Златкова – Анастасова.

За актерот Филип Христовски, романот е  моќна психолошка приказна што длабоко навлегува во темите на вината, верата и човечката несовршеност.

Авторката Драгана Андреевска раскажува низ судбината на Дамјан – млад човек со навидум уреден живот, но заробен во маѓепсан круг од страв, покајание и внатрешни судири – „Осуден“ го поставува суштинското прашање: Дали смислата е во совршенството – или во љубовта?
 
Фото Локална библиотека Гоце Делчев

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »