Петар Печков
Објавено: понеделник, 02 февруари 2026
Драстично опаѓа бројот на склопени бракови во велешко, во 2025 година имало 303 наспроти 372 во 2024 година. Тоа е намалување за 69 брака во однос на година дена претходно или за 20 отсто. За потсетување во 2023 година имало склопено 423 брака, во 2022 - 383. Првиот склопен брак годинава беше на 8 јануари. Ова се податоци од Управата за водење на матична евиденција, заедно со одделението во Градско.
Од Управата за водење матична евиденција, потсетуваат дека бројката од склопени бракови годинава, не е целосна и точна за Велес. Младите имаат можност, а тоа и го користат, да склопат брак во друг град, во некој туристички центар, Охрид, Струга, Крушево, што во пракса и се случува. И тогаш тој брак се води дека е склопен во тој град, иако младите се велешани со адреса на живеење во Велес.
Во бројката на склопени бракови, се и жители од други градови, кој стапуваат во брак во винариите или угостителските објекти во велешко.
фото интернет
| Tweet |




