речник контакт

Дрвокрадството и рибокрадството стагнираат

Според полицијата лани имало помал број на откриени дрвокрадци и рибокрадци

Петар Печков

Според полицијата лани имало помал број на откриени дрвокрадци и рибокрадци иако граѓаните и риболовците се жалат на голем број крадци. Велешката полиција минатата година превземала засилени мерки и активности за спречување на појавата на бесправно сечење на шумите на теренот на планината Бреза и селата Рлевци, Бузалково, Слп, Карабуњиште, Рудник, Крушје и Лугунци, ридот Св.Илија како и транспортот на дрвата на подрачјето на Полициската Станица Велес. За реализација на оваа задача тие соработувале со Шумското Стопанство Бабуна, Шумската Полиција и Полициската Станица во Чашка. Лани биле фатени 16 сторители и поднесени 3 кривични пријави наспроти 27 од 2012-та година и тогаш поднесените 7 кривични кријави. Односот на поднесени прекршочни пријави за ланската година е 9 спрема 7 од претходната година, сите за нелегален превоз и бесправна сеча до 1м3 дрва за огрев. Полицијата привремено одземала 3/6 камиони 7/4 автомобили, 0/2 трактори и 5/4 запрежни коли и истите биле предадени на чување во КПУ Идризово- отворено одделение Велес . Лани СВР Велес привремено одземала 49/43 метри кубни огревно дрво и истите биле предадени на чување во ШС Бабуна. Во соработка со шумската полиција реализирани се 21/18 акциски контроли.  

Велешкиот СВР го контролирал и риболовот. За време на периодот кога имало забрана за лов и риболов, во заеднички планирани и спроведени акции во повеќе наврати е контролиран теренот по течението на реките Вардар, Бабуна, Тополка и езерото Младост и ловните терени на ЛД „Руен„. Во овој период одземени се 5/7 мрежи, а пријавите се поднесени од надлежниот инспектор.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »