Петар Печков
Објавено: среда, 15 април 2020
Фабриката ДРЕКСЛМАЈЕР, со седиште во Кавадарци, донираше на Општина Велес, здравствена опрема која е наменета за здравствените институции до градот. Донирани се илјада маски, 500 капи, 500 навлаки за нозе, 204 заштитни наочари, 500 пара ракавици и 500 скафандери дел доставени и дел кои ќе пристигнат во текот на наредните неколку денови.
Најголем работодавач на велешанки и велешани, денес донираше вредна заштитна опрема за јавните здравствени установи од Велес - објавија од локалната власт, која ја прими помошта.
Во име на здравствените работници и во име на сите граѓани на Велес , од Општина Велс упатија благодарност за овој чин.
Tweet |