речник контакт

Дрекслмајер отвори инфо центар и во Велес

Со илјада вработени од Велес, Дрекслмајер е најголемиот работодавец во градот

Петар Печков

Велес е третиот град кој по Прилеп и Кавадарци доби инфо канцеларија на Дрекслмајер. 

Неколку илјади граѓани од Кавадарци, Велес, Прилеп и нивните околни места се дел од тимот на Дрекслмајер Македонија. Со цел да бидеме поблиску до нив, но и до оние кои се заинтересирани да станат дел од семејството Дрекслмајер, компанијата отвори канцеларии во овие поголеми градови. 

Денес во Велес свечено беше отворен и последниот, трет инфо центар во низата преку кој компанијата ќе биде подостапна и поприсутна за своите вработени, но и за потенцијалните кандидати. Тим од колеги ќе стои на располагање за сите прашања и ќе ги води заинтересираните низ процесот на аплицирање.

Може да се конкурира за многубројни атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација, а Дрекслмајер им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group. 

„Драго ми е што денес ја отвораме инфо канцеларијата во Велес, која иако последна - секако не е и помалку важна. Идејата е да бидеме подостапни за многуте наши вработени од Велес, но и за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ни се придружат“, истакна при поздравното обраќање Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој се заблагодари и на Општина Велес и Центарот за вработување за досегашната успешна соработка. 

На отварањето на канцеларијата присутни беа и градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, раководителот на Центарот за вработување Велес Трајче Бабунски, како и здруженија со кои Дрекслмајер има успешна соработка. 

 

Дрекслмајер е најголем работодавач во Велес и честитам за одлуката да отворат инфо центар во градот, со што компанијата ја доближуваат до граѓаните потенцијални кандидати за вработување  и така се подобрува пристапот до можноста за добивање работа - рече градоначалникот Коцевски.  

Канцеларијата во Велес се наоѓа наспроти  зградата на главната Пошта и е отворена секој работен ден од 8:00 до 18:00 часот. Вратите се отворени за секој кој сака да дознае повеќе за компанијата. 

Со над 5000 вработени Дрекслмајер е еден од поголемите работодавачи во регионот, а  вработените се најголема вредност за компанијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »