речник контакт

Државата поседува 2.645 возила, најмногу полицијата

Најмногу се возат Шкода, Фолксваген и Форд.

Петар Печков

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност, покажува базата на податоци што ја изработи Центарот за граѓански комуникации.

Според оваа база на податоци, Министерствата поседуваат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Притоа, МВР  поседува 1.559 возила или 70 отсто од вкупниот број на возилата на министерствата, по што следува одбрана со 142 возила и земјоделство со 108 возила.

Што се однесува до општините, пак, предничи Град Скопје со 36 возила, па следува Карпош со 16, Кичево со 14 возила итн.

Во однос на марките на возила, и централната и локалната власт најмногу возат Шкоди, Фолксваген и Форд.

Сепак, сите пет најскапи возила се Мерцедеси купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра).

Просечна цена на купените патнички возила, пак, е 16.690 евра кај Владата и 15.051 евра кај општините, а просечна старост на возилата е 12,5 години.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »