lj lkjl
Објавено: петок, 05 мај 2006
Во наредниве два дена средното стручно училиште „Коле Неделковски“ ќе биде домаќин на 25-от државен натпревар во електро, машинска и сообраќајната насока. Учество ќе земат 140 ученици од 21 училиште од земјава. Oколу 130 ученици од 21 училиште во земјава ќе бидат учесници во 25 јубилеен натпревар во електро, машинската и сообраќајната пракса и теорија. Домаќин на оваа манифестација е средното стручно учулиште „Коле Неделковски“. Во наредниве два дена учениците ќе ги покажат своите знаења во своите области. Oвие натпревари се од огромно значење за понатамошниот тек во образованието, бидејќи како што истакна Агим Фазлиу (раководител за секторот на средно образование при министерството за образование и наука), значително ќе влијаат во македонското стопанство. Фазлиу се пофали за реформите во средните стручни училишта за тоа како во Македонија се спроведуваат реформите во образованието и законот за средно образование кој моментално трпи промени и се наоѓа во последна фаза во собраниска процедура. Свое гледиште даде и Петре Чешелковски (претседател на здружението на машински училишни центри), кој за ваквите натпревари истакна дека во иднина здружението ќе работи на подобро организирање на истите со цел да се добие во стручниот квалитет на учениците.
Tweet |