Петар Печков
Објавено: недела, 16 септември 2012
Екипата на Црвениот крст од Прилеп е победник на 21-виот Државен натпревар во прва помош, пред екипите на општина Центар и Карпош, кој се одржа во Велес. Домаќинот пак победи во натпреварот во десеминација, знаење за улога на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.
На првенството имаше 24 екипи со 350 учесници. Освен натпреварувачи беа присутни и 50 доктори од повеќе градови, кои беа оценувачи на работата. Натпреварувачите на 14 пунктови низ градот, даваа помош за повреди предизвикани од различни настани и несреќи. Организатор на Државниот натпревар беше ОО на Црвениот крст од Велес.
Tweet |