Петар Печков
Објавено: петок, 10 април 2009
Матурантите ќе полагаат државна матура на 11 и 13 јуни и ќе бидат тестирани по екстерните предмети, ова е услов за упис на факултет.
Августовските тестирања се на 13 и 15 август.
Во четирите средни училишта во Велес има 680 матуранти. Предметите и критериумите се исти како и на ланското прво полагање. Учениците ќе бидат тестирани по два екстерни предмета што ќе ги оценува Бирото за развој на образованието. Еден од нив е задолжителен (мајчин јазик: македонски, албански или турски), а вториот екстерен предмет е изборен - математика или странски јазик (англиски, германски, француски или руски).

Tweet |