речник контакт

Државниот инспекторат за животна средина изрече казна од три илјади евра за запалената депонија крај Велес

Издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови -дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад

Петар Печков

Државниот инспекторат за животна (ДИЖС) изрече парична казна од три илјади евра, за запалената депонија од комунален смет крај Велес.  

Таа гореше два дена, кога велешани се гушеа од чад, кој е канцероген и штетен по здравјето а депонијата е нестандардна. Жестоки беа реакциите на граѓаните од чадот кој ги будеше од сон и го поремети животот на велешани два дена.  

„На 29-ти јули, извршен е надзор на запалена депонија во Велес, од која беше загаден и воздухот во градот. По надзорот, изречена е казна од 3.000 евра во денарска противвредност и издадена е наредба за примена на законски пропишани технички услови  -дневно прекривање со земја и 24-часовен надзор, согласно Законот за управување со отпад“- соопштија од ДИЖС.

Во писмената информација не се прецизира кој ќе ја плати казната.  Со депонијата за комунален смет во Велес управува ЈКП Дервен.

Од инспекторатот дооплуваат дека кон  потенцијални загадувачи повеќе нема да  даваат опомени, туку преминуваат директно кон  санкции.

„Нема оправдување за пожарите на депониите, бидејќи граѓаните не смеат да дишат загаден воздух“- велат од ДИЖС.  

Во наредниот период  продолжуваат со надзори на општинските непрописни депонии во: Пробиштип, Охрид, Струмица, Берово, Ново Село, Русино и секаде каде што комуналните претпријатија не постапуваат согласно закон.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »