речник контакт

Државниот просветен инспекторат реагира дека инспекторите кои биле на посета во училиштето во Чашка биле спречувани во работата

Од МВР информираат дека во Полициското одделение Чашка, не е пријавен напад на инспектор на ДПИ, но потврдуваат дека неколкупати биле попречувале работата

Петар Печков

Од Државниот просветен инспекторат (ДПИ) реагираат дека при протестот на жителите на населба Чашка, имало напади врз просветните инспектори.  Протестот на родителот е поради најавите за отворање на паралелка во која учениците ќе учат на мајчин албански јазик.

„Протестите продолжуваат, таа група од околу 15-20 луѓе продолжува да ја блокира наставата. Но ќе видиме од понеделник како ќе се одвиваат работите. Имаше три напади, немаше реакција од МВР, тоа е факт. Таму била присутна и полицијата, но не реагирала“ - велат од ДПИ.

Од МВР објаснуваат  дека во Полициското одделение Чашка, не е пријавен напад на инспектор на Државен просветен инспекторат. Но потврдуваат дека во последниов период, жителите што протестирале, неколкупати ја попречувале работата на инспекторите.

„На 25.12.2023, полициски службеници од Полициското одделение Чашка дале асистенција на инспектор од Државниот просветен инспекторат да влез во основното училиште „Тодор Јанев“ во Чашка и да изврши вонреден инспекциски надзор во училиштето. Имено, додека се протестирало пред училиштето, тој се обидел да влезе внатре без да им се легитимира на присутните полициски службеници, а откако се повлекол и пријавил во СВР Велес била дадена асистенција и тој непречено влегол и извршил надзор. На 15.01.2024 во СВР Велес е примена писмена пријава од Државен просветен инспекторат дека на 25.12.2023 од страна на група на родители кои протестираат пред ООУ „Тодор Јанев“ бил спречен нивен вработен да изврши вонреден инспекциски надзор во училиштето. Во Полициското одделение Чашка повикано е лицето кое што пријавителот го посочил во писмената пријава дека го попречувало да влезе во училиштето. За настанот е испратено известување до Државен просветен инспекторат и до Основно јавно обвинителство Велес со комплетната документација“, пишува во информацијата   МВР.

Протестите на родителите во Чашка започнаа на  24 ноември  лани, со блокади на влезот во училиштето,  од  почетокот на второто полугодие протестите во утринските часови од 7 до 10 ч. блокирани се влезовите во населбата од страна на Велес и од Лисиче.

Родителите бараат да се вратат надлежностите за образование на општината, актуелниот директор да си поднесе оставка, а паралелката на албански јазик да се премести во друго село.

Пред Нова година во медиумите беше пренесена информација дека ќерката на директорката за која жителите бараат нејзина смена, е примена во работен однос во Државниот просветен инспекторат.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »