Петар Печков
Објавено: вторник, 26 декември 2023
Велешанецот Зоран Богоевски е нов член на Државната комисија за спречување на корупцијата. Тој е дипломиран економист, кој од 2004 година е вработен во Државниот завод за ревизија.
Богоевски заедно со уште шест други лица, Софија Спасова Медарска, Билјана Каракашова Шуле, Бесник Џемаиљи, Цвета Ристовска, Сервет Демири и Татјана Димитровска како претседател се новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Новите членови на ДКСК имаат петгодишен мандат без право на повторен избор. Мандатот на актуелниот состав на Антикорупциската комисија е до февруари 2024 година, кога ќе почне со работа новиот состав.
Во негов состав беше велешанката Катица Николовска, која дојде од Државниот завод за ревизија.
Tweet |