речник контакт

Државјанка на Чешка повредена во сообраќајка во Азот

Сообраќајката се случила помеѓу мотор и автомобил

Петар Печков

Неделата на пладне сообраќајка, во која е повредена државјанка на Република Чешка. Жената управувала мотор а во сообраќајката учестувал и автомобил. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 26.10.2025 околу 14 часот во СВР Велес е пријавено дека на регионалниот пат Богомила–крстосница за  Извор, општина Чашка, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со велешки регистарски ознаки, управувано од А.Т.(33) од Велес и мотоцикл „хонда“, управуван од 48-годишната Б.Н. од  Република Чешка“ – информира  Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Н., констатирани во Општа болница Велес. 

„Кај повреденото лице извршени се претраги, снимања, констатирана е скршеница на потколеница. Потребен е оперативен зафат“ – кажа д-р Вано Граматов, портпарол на Општа болница Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »