речник контакт

Дрогата лани одзеде 20 животи во Велес

Дваесетина починати, 250 регистрирани зависници, од кои 80 отсто со хепатит Ц, и најмалку уште 1.000 индиректно засегнати граѓани е црниот биланс поради кој се бара отворање Метадонски центар во Велес

Петар Печков

 Крвав данок од дваесетина животи однела дрогата во Велес минатата година, ова се поразителните последици од  зависноста од наркотиците. Исто толку фамилии  од градот се завиени во црно, некои останаа без дете, некои деца без родител. Токму поради ваквата лоша состојба околу 250 регистрирани  наркозависниците и апстинентети  очајно  бараат  спас за себе, за семеството.

Дури осумдесет отсто од нив имаат и хепатит Ц, што натаму сериозно го загрозува нивното здрвје.  Тие за решавање на проблемот бараат што поскоро да се отвори Метадонски центар, каде ќе  добиват секојдневен третман за  да не патуват по околните градови, за што веќе нашле и доктори од велешката Болница кои ќе работат со нив.

Проблем беше да се најде соодветен медицински персонал, доктор и сестри. Во нашите контакти со докторите од Болницата, ни беше ветено дека тие ќе работат со нас. Ќе  работат и бесплатно, само да се најде локација. Затоа сега останува општината да најде две соби каде ние ќе можеме да се лекуваме. Ова ни го ветија на неодамнешната трибина сега е време да го реализираат – вели  В.Ц, поранешен наркозависник, сега едно од лицата кое работи во Советувалиштето на Црвениот крст од Велес.

Тука можат  бесплатно да се тестираат од Хепатит Ц , од ХИВ сида,  добиваат стерилни гази и шприцови. Одат и по терен,  го крстосуваат градот и  го собираат отпадниот материјал употребени шприцови од наркозависниците,  кои потоа се носи во Дрисла, Скопје каде се уништува.  Овој проект се реализира три години, за кој  период собрале неколку камиони смет. Сметаат дека на овој начин ги отстрануваат можните проблеми за обичните граѓани.

 

Како што шеќерашите примаат инсулин, така и ние мораме да примаме метадон за да се излечиме од завиноста. Има двесетина лица кои лани починаа поради неконтролирано земање на дрога.  Јас, како и секој човек сакам да живеам. Затоа барам градот, државата да ни помогне. Сите остро реагираат ако бубрежно болните немаат дијализери, или како ќе биде шеќерашите да патуват до некој друг град за лек. Дали е нормално ова што нас ни се случува, да бараме спас а сите да ги веднат главите – вели нарко зависник.  Но не страдаат само 250 зависници, страдаат и нивните семејства или тоа значи најмалку илјади лица во градот ги имаат и чивствуваат проблемите на зависноста на дрогата. 

Дел од нив мораат да патуват до Штип или Кавадарци за посета на метадонски центар, па  не се во можност да најдат работа, бидејќи надвор од градот се и осум часа. Згора на тоа мораат најмалку да платат за пат по 500 денари. Но маѓепсаниот круг на лекување никако да се отвори.

За да може некој  интервенски зависник да се приклучи на терапија за Хепатит Ц, мора да биде стабилен половина година.  Ова значи дека треба шест месеци метадонот да не го прима во вена со боцкање, туку го пие.  Затоа велешките  зависници сега не можат да се лекуваат ни од Хепатит Ц,  што сериозно го загрозува нивното здрвје но и живот. На Велес итно  му е потребен метадонски центар, каде ќе биде контролирано внесувањето на метадонот.

Бројките покажуваат дека дури 80 отсто од наркозависниците во градот имаат Хепатит Ц. Тој предизвикува оштетувања на црниот дроб, а во 25 отсто случаи  потоа и цироза или канцер на црниот дроб, што завршува со смртен случај – вели д-р Мартин Хаџи Наумов координатор на проектот за намалување на штети од употреба на дроги.

Освен доктор и сестри за оспособување на Метадонскиот центар во Велес, потребни се и социјален работник и психолог. Од локалната власт засега нема одговор дали и каде би го сместиле центарот.

Претседателот на Советот, Славчо Чадиев кој на недоманешната трибина ветил дека ако  се реши проблемот со персонал, општината веднаш ќе најде простор. Тој вели дека  хипотетичко е најден персонал за работа, затоа не може да одговори кога и каде ќе се најде соодветен простор. Наркозависниците го посочуват и примерот со една велешка аптека, каде единствено можат да набават метадон, но нејзиниот сопственик печали на нив.

Иако метадонот со рецепт кошта само 70 денари, за колку пари добиваат и фискална сметка, тие мора да платат 300 денари доколку сакаат да го добијат метадонот. Но не смеат да се жалат бидјеќи веќе следниот ден ќе бидат симнати од листата на аптеката,  нема да добиваат  метадон по што ќе западнат во криза. На нивната мака, оваа аптека посочуваат заработила илјадници евра за една година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »