Петар Печков
Објавено: недела, 07 декември 2014
По два месеца пауза, како што најавија од „Просветно дело“, детските списанија кои се историја во Македонија, го продолжуваат својот живот.
Детските списанија „Другарче“, „Развигор“ и „Наш свет“, кои ги издаваше Редакцијата „Детска радост“ АД „Просветно дело“, по пауза од два месеца повторно излегуваат.
„Детска радост“ која есенва прослави 70 години од своето постоење, списанијата кои низ годините се претворија во вистински брендови, во своевидна „задолжителна“ и забавна литература со која пораснаа генерации, продолжија да се печатат.
Tweet |