Петар Печков
Објавено: четврток, 15 декември 2022
На вчерашната седница на Советот на општина Велес, беше актуелизирана состојбата со дупките на неколку улици во градот. Тие сериозно го загрозуваат сообраќајот и безедноста. Советникот Тодор Јаковлев ги посочи дупките на улица Наум Наумовски Борче, веднаш кај семафорите и на улица Кумановска, каде што се појави отвор кон Битолска пруга. Градоначалникот објасни дека одамна е даден налогот на фирмата која го добила тендерот за санацијата.
„Правиме се фирмата да ја заврши дадената обрска. Се слушнав дури и сопственикот, тој вети дека до петок ќе ги завршат овие работи. Не само овие две кој ги спомена советникот, има и други, кај црквата на пример. Има налози за 30 кубика асфалт кој треба да биде вграден на повеќе ударни дупки по улиците во градот. Кога треба да се јават на тендер, фирмите ги има, добиваат, а кога треба да работат, не дека ги нема, туку одложуваат. А одложувањето на вакви лоши временски услови, значи проширување на дупката. Да потсетам лани една друга фирма, ги отвори дупките и две -три недели замина од Велес, не работеше и реакциите беа по мене. Со оваа фирма, која сега ги затвора дупките, имаме договор за асфалтирање на три улици до крајот на годината. Две се пократки по должина, во сателитската населба на езеро и една е кај потпорниот ѕид на улица Киро Ќучук. А мора да се завршат до 25 декември“ – кажа градоначалникот Колев.
Тој претходно објасни дека на улица Кумановска, каде што остана неасфалтиран дел од 10 метри, проблемот бил што се јавило свлечиште, поради подземни води и тоа мора да се санира, па дури потоа да се изврши асфалтирање.
Tweet |