речник контакт

Дури 23 лица за четири дена не го почитувале полицискиот час во Велес

Во самоизолација во велешко се наоѓаат 122 лица

Петар Печков

За четири дена  23 лица во Велес не го почитувале полицискиот час. Ова е информација која ја сподели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

По денови состојбата е следна, петок кон сабота  едно лице, сабота кон недела седум, недела кон понеделник 12 и ноќеска три. За споредба откако пред девет дена беше воведен полициски час, во првите четри  дена имаше четири прекршувања. 

Тој додаде дека моментално во Велес и велешко во самоизолација се наоѓаат 122 лица.

На територијата на СВР Велес  во Кавадарци за четири дена имало 13 прекршувања на полицискиот час а во Неготино 17.  Денес во овие два града има 127 лица во самоизолација во Кавадарци и 104 во Неготино. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »