речник контакт

Духовна Академија по повод 30 години од Повардарската Епархија на МПЦ

Со Духовна Академија Повардарската Епархија го одбележа јубилејот 30 години од нејзиното формирање и 50 години од возобновувањето на МПЦ.

Петар Печков

Со Духовна Академија Повардарската Епархија го одбележа јубилејот 30 години од нејзиното формирање и 50 години од возобновувањето на МПЦ.
 

Свеченоста се одржа во црквата Св.Пантелејмон во Велес во присуство на САС на ПМЦ и Архиепископот г.г. Стефан. За овој период Повардарската Епархија била секогаш со нејзините чеда и верници, со македонскиот народ во лошо и добро. Нејзини Владици биле Митрополитите Гаврил и Михаил кои подоцна доаѓаат на местото Архиепископи на МПЦ. Владиката Агатангел не го одмина и најтешкиот период на работата на оваа Епархија, од пред шест години, кога тука дојде да работи Јован Вранишковски.



- Тоа е време кога со помош и организација од страна се направи безумен обид за отцепување и омаловажување на се што е македонско. Болните последици од ова сеуште ги чувстуваме како МПЦ и Македонски народ и држава, но Митрополитот Тимотеј успеа да ги залечи отворените рани, предизвикани од самоволието и алчноста на еден човек – рече Владикaта А?атангел.

\"\"

Тој се заблагодари на работата на прота Стојко Ристевски кој како прв  секретар на Епархијата се вложил во нејзинато опстојување. Владиката Агатангел сумирајќи тоа што е досега сработено, откако тој е Митрополит во Повардарската Епархија, ги истакна отварањето на народната црковна кујна, почетокот на градбата на црквата „Св.Кирил и Методиј“ во центарот на Велес и богатата издавачка дејност.

На Духовната Академија настапија оперскиот пеач Борис Трајанов, актерката Весна Димитровска и Црковниот хор „Св.Пантелејмон“. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »