Петар Печков
Објавено: среда, 03 февруари 2016
Шашков изложува 24 фотографии направени во 2014 година, во селата во велешкиот регион, под водство на Дарко Николовски, советник конзерватор во Националниот конзерваторски центар, кој наедно е и куратор на поставката.
Осврт за фотографиите напишаа владиката канадско-американски Методија Златанов, професорот на Харвард Ханс Гугенхајм и сликарот Александар Станковски.
Дел од фотографиите се откупени и сопственост на Лори Андерсон, Проект Гугенхајм, Антони Ансаров и Чарлс Линч и Џули Бордо.
Поставката во Њујорк е отворена на 29 јануари, а ќе биде изложена до 7 февруар.
Фотографиите во прилог се сопственост на Стефан Шашков и се објавени со негова дозвола.
Tweet |