речник контакт

ЕКСКЛУЗИВНО -Бродот Галеб минува низ Велес мај 1962-ра

Во вестите на Радио Титов Велес од 15-ти мај 1962-ра, е напишано дека „минувањето било голема сензација„ и пола граѓанство го следело настанот, за кој се сечеле телефонски и кабли за струја,за да може бродот да мине. Бродот Галеб и денес сообраќа по Охридско езеро, од Охрид до Свети Наум и назад

Петар Печков

Фотографија на бродот „Галеб“ од Велес, на неговото патување, од Белград до Охрид.  Фото доказ за тоа што го раскажуваше мојот татко, не можев да најдам десетина години по сите фотографи низ градот, фото Весна, фото Душко, фото Боцев, ниту во Народен музеј, ниту во Историски аархив.

Дури ја барав и преку ТрМр, ако некој има фотографија. И конечно на моја радост, благодарејќи на сограѓанинот Пепи, фотографијата  е достапна на јавноста, за сите идни генерации од овој, би рекол историски момент.

Патувањето по суво на бродот Галеб од Белград за Охрид, било со помош на автотранспортната фирма „Транспорт“ од Белград и траело 34 дена.   Благодарејќи на архивата на Радио Велес, во вестите од  15-ти мај 1962-ра за овој настан пишува:

„Денес околу пладне во нашиот град, пристигна хидробусот „Галеб“. Бродот е долг 27 метри, широк близу шест метри, тежок 27 тони.  Хидробусот „Галеб“ тргна од Белград минатиот месец, на пат кон своето пристаниште во Охрид. Поради висината на „Галеб“ околу 6,5 м. наидува на пречки, при минувањето низ населените места. Честопати екипата е принудена да ги сече телефонските и електричните водови а по минувањето на хидробусот, веднаш да ги поправа.  Минувањето на „Галеб“ низ нашиот град„“ предизвика неколку илјадна поворка на наши сограѓани, од најмлади до најстари.  Нема да згрешиме, ако кажеме дека половината од нашето граѓанство, го посматраше проаѓањето на овој џин, кој патува по суша. За сите нас проаѓањето на хидробусот „Галеб “ беше голема сензација“.  

Дополнување, како бродот минал на тунелите кај Буково, на приодот за Охрид.

Најголем проблем се јавил кај превојот Буково каде има два тунели. Кога камионот таму стигнал возачот и организаторот на превозот на „Галеб“ виделе дека тунелите се прениски за да се помине низ нив. Немале многу избор. Пловниот објект го донеле на петнаесетина километри од Охрид, а минале денови на пат и стотици километри по патиштата. Решиле да преземат поголем зафат. Со помош на раководители од тогашната републичка власт била изградена нова делница на патот. Своевиден бај- пас бил направен на стариот пат Битола- Охрид. Изградена била нова делница во подножјето на тунелите. На тој начин камионот на кој бил натоварен бродот поминал по новоизградената делница, избегнувајќи ги тунелите“. материјал од СДК.МК

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »